Маратон во Серија А: Почнувајќи од 12:30 часот, италијански фудбал ќе има речиси до полноќ

Италија не беше дел од Светското првенство во Катар, но и покрај тоа, паузата во првенството на оваа земја траеше дури 52 дена. Чекањето конечно заврши и денеска се играат сите 10 натпревари од 16-тото коло на Серија А.

Шампионот Милан игра од 12:30 часот, и тоа на гости кај Салернитана, а во исто време ќе играат и Сасуоло против Сампдорија. Два часа подоцна ќе играат Специја и Аталанта, односно Торино против Верона.

Римските екипи играат од 16:30 часот, и тоа Рома на „Олимпико“ против Болоња, а Лацио на гости кај Лече.

Најтрофејниот италијански клуб Јувентус ќе гостува кај Кремонезе, а Фиорентина е домаќин на Монца. Од 20:45 часот ќе се играат двата клуба во кои има македонски репрезентативци. Дербито е на „Џузепе Меаца“, каде што Интер е домаќин на Наполи на Елиф Елмас, додека во исто време Удинезе на Илија Несторовски е домаќин на Емполи.

- Оглас -

Најнови вести