Димитров и Бергс одиграа вистински маратон на главниот терен во Париз, кој му припадна на бугарскиот тенисер со 3-1, па сега конечно може да започне мечот помеѓу најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ и италијанецот Мусети.
Мечот на србинот беше најавен дека ќе започне во 20:15 часот, но организаторот на Ролан гарос не го испланира баш најдобро времето на претходните натпревари, па настана вистински хаос со термините.
Победникот од Ѓоковиќ и Мусети во осминафиналето ќе игра против аргентинскиот тенисер, Франциско Серундоло.