Два долги тениски маратони што траеја скоро по четири часа се играа до рано утринава на Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн, а на големи победи за пласман во четвртфиналето се радуваа Андреј Рубљов и Бен Шелтон.
Рускиот ас го победи Холгер Руне од Норвешка со 3:2 во сетови, 6:3, 3:6, 6:3, 4:6, 7:6 (9) по 3 часа и 39 минути исцрпувачка битка.
Рубљов на магичен начин се спаси од пораз против Руне, а во последниот сет губеше со 2:5 во гемови и успеа да се избори за тај-брејк, а таму приреди уште поголемо чудо.
Норвежанецот имаше предност од 5:0 во поени, а се игра кој прв до 10, или потоа да се направи најмалку два разлика.
Wow
Andrey Rublev comes back from 2-5 in the 5th set, saves two match points at 5-6 *15-40 and then comes back from 0-5, 2-6 and 3-7 in the match tiebreak to beat Holger Rune 6-3, 3-6, 6-3, 4-6, 7-6(11-9) and reach the QF at the #AusOpen
The Dane will struggle to sleep tonight pic.twitter.com/k2wWJXjLb2
— José Morgado (@josemorgado) January 23, 2023
Сепак, Рубљов одигра феноменално, спаси три меч-топки и победи со 11:9 за конечни 3:2.
Последниот поен на мечот беше вистинска одраз на целиот меч, а на драматичен начин топчето од мрежа по ударот на Рубљов падна во полето на Руне.
Рускиот тенисер ќе игра четвртфинале во Мелбурн со победникот од дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Алекс де Минаур, кој е во тек.
Во еднакво драматичен меч и американско дерби, Бен Шелтон го победи Џефри Џон Волф со 3:2 во сетови за 3 часа и 51 минута игра.
Се играа дури три тај-брејка, а Шелтон се врати од 1:2 негатива во сетови и победи со 6:7 (5), 6:2, 6:7 (4), 7:6 (4), 6:2 за прво четвртфинале на гренслем-турнирите.
Таму ќе игра со победникот од дуелот меѓу Баутиста и Пол, кој е во тек.