Енди Мареј е само сенка од некогашниот гренслем шампион, а камбекот на „Ролан Гарос“ по три години за него беше само една обична прошетка.
Британецот освои само шест гема во дуелот со Станислас Вавринка, а враќањето во Париз траеше само еден час и 40 минути.
Во тој период Вавринка го декласираше некогашниот голем ривал со 6:1, 6:3, 6:2 и го елиминира веднаш во стартниот ден од турнирот.
Stanislas Wawrinka Wins against Murray
6-1
6-3
6-2#RolandGarros #NISPOTI pic.twitter.com/UNDcxwZ393— NiSpoti (@NiSpoti) September 27, 2020
Швајцарецот е шампион на „Ролан Гарос“ од 2015 година и дури шестпати му правеше брејк на Британецот, а не загуби ниту еден свој сервис за убедлива победа во дербито на првото коло.
Во следната рунда, Стен ќе игра против Германецот Доминик Кепфер. Неочекуван пораз на стартот доживеа и 24-тиот носител Борна Чориќ, тенисер што играше четвртфинале на Отвореното првенство на САД пред дваесеттина дена.
Хрватот беше поразен од Норберт Гомбос со 1:3 во сетови.