Матео Беретини е победник на АТП турнирот во Штутгарт, откако во неизвесно финале го победи Енди Мареј со 6:4, 5:7, 6:3 во меч што траеше над два и пол часа.
Италијанецот а лански финалист на Вимблдон, но годинава имаше многу проблеми и беше повреден, па паузираше над два месеци, од март до мај.
Сега се врати во топ-форма, токму навреме, непосредно пред стартот на новото издание на Вимбдлон, гренслем што ќе почне при крајот на месецов.
https://twitter.com/TennisTV/status/1536014211951775744?s=20&t=Zzgx4dyQjzQzdYE6zXfhFQ
Мареј го играше 70-то финале во кариерата, но остана на 46 АТП титули, иако и ова е добар тренд за него, бидејќи се врати на тениските терени и годинава има две финалиња.
Британецот има 35 години и многу падови во последно време, но не се откажува и ќе биде опасен ривал за сите на Вимблдон.