Мареј одигра меч во сингл по пауза од 210 дена и загуби

Енди Мареј по пауза од 210 дена се врати во сингл натпреварувањата на АТП Мастерс 1000 турнирот во Синсинати. Британецот уште во првото коло го заврши својот настап откако загуби со 0-2 во сетови (4-6, 4-6) против Ричар Гаске.

Мареј ги одржуваше шансите за позитивен резултат во првиот сет, а откако вторпат загуби гем на свој сервис, Гаске ја зграпчи приликата за водство од 1-0. Французинот го репризираше стартот на вториот сет со брејк, а на крајот запиша победата со првата меч-топка.

Претходно, романскиот тенисер Раду Албот приреди изненадување елиминирајќи го Марин Цилиќ со 2-0 во сетови (6-4, 7-6).

Во текот на ноќта се играат уште два меча од првото коло, меѓу Кирјос и Сонего, односно Опелка против Чориќ.

- Оглас -

Најнови вести