Кошаркарите на Денвер загубија во драматичен меч од Детроит пред својата публика со 107-109. Трагичар за домашните е Џамал Мареј, кој го имаше мечот во своите раце, но не успеа да реализира слободни фрлања.
Мареј доби три „пенали“ на резултат 103-106 и можност за израмнување, но погоди само еднаш, а на половина секунда пред крајот на мечот повторно имаше три слободни фралања, погоди едно за 107-109, а останатите две ги промаши.
На загревањето пред мечот, на паркетот се појави и никола Јокиќ, кој изгледаше како воопшто и да не е повреден. Србинот го одработи комплетно загревање, а навивачите се понадеваа дека тој ќе игра. Сепак, тренерот на Нагетси не сакаше да ризикува, па ќе се чекаат дополнителните испитувања, пред да се врати на паркетот.
Резултати:
Вашингтон – Портланд 115-111
Њујорк – Сакраменто 103-87
Оклахома – Њу Орлеанс 104-95
Филаделфија – Милвоки 139-122
Денвер – Детроит 107-109
Феникс – Бруклин 106-102
Јута – ЛА Клиперс 103-115

