Енди Мареј се пласираше во третото коло на Индијан Велс, откако по голема борба и повеќе од три часа игра го победи младиот 18-годишен Карлос Алкараз од Шпанија. Мареј го загуби првиот сет со 7:5, но потоа ги доби следните два со 6:3 и 6:2, недозволувајќи изненадување.
Потегот на мечот се случи кога Мареј направи ас сервис, на необичен начин, сервирајќи „под рака“. Тоа е непопуларен сервис во тенисот кој најчесто не го користат големите ѕвезди, но Мареј за прв пат се реши да го искористи и му се исплатеше. Потоа и објасни зошто го направил тоа.
„Ако видите каде стоеше на почетокот на мечот за време на моите први сервиси, а потоа каде стоеше на крајот од сетот, ќе видите дека постојано се повлекуваше наназад. Оваа подлога е малку поспора и немав многу шанси да освојувам поени директно од сервис“, рече Мареј.
The Panenka of tennis:
pic.twitter.com/DXU8w4PSMj— ¡Larner Carajo!💙 (@LarnerC) October 11, 2021