Мареј првпат по три години победи на трева и заплака (Видео)

Енди Мареј со победа стартуваше на турнирот во Квинс, триумфирајќи со 2:0 во сетови против Беноа Пер и се пласира во осминафиналето, каде што следен ривал ќе му биде Матео Беретини. Некогашниот број 1 тенисер во светот во последно време има многу проблеми со повредите и оваа победа над Пер беше многу значајна за него.

За Британецот ова беше прва победа на трева по пауза од три години, а по мечот не можеше да ги скрие емоциите.

„Сакам да играм тенис…“, започна Мареј, а потоа почна да плаче. „Моето тело е истрошено, но денеска одиграв многу добро, посебно кога се работи за движењето на теренот“, рече Мареј по победата.

- Оглас -

Најнови вести