Мареј си тера мајтап со Федерер: Слетав во Базел, градот на најдобриот спортист во историјата – Гранит Џака!

Британецот Енди Мареј освен што е еден од најдобрите тенисери во последната деценија, тој е еден од најголемите шегаџии, а тоа го потврди и неделава.

Мареј неделава пристигна во Базел на АТП-турнирот од серијата 250, а бидејќи овој швајцарски град е дом на Рожер Федерер, одлучи да се пошегува со него.

„Му испратив порака на Рожер во која напишав: Тукушто слетав во Базел, градот на еден од најдобрите спортисти во историјата – Гранит Џака“, открива Мареј во разговор за весникот „Аргауер Цајтунг“.

Мареј со ова откри дека е фан на Арсенал, чиј капитен е токму Џака.

„Знам дека Гранит е од Базел, а сезонава игра многу, многу добро. Во неделата постигна одличен гол“, додаде Мареј.

- Оглас -

Најнови вести