Мареј со перфектна 10-ка со шут за три поени, нов трипл-дабл за Јокиќ (Видео)

Денвер нагетс славеше на гостувањето кај Јута со 130:117 во меч на којшто блескаа Џемал Мареј и Никола Јокиќ. Мареј едноставно беше снајперски наместен и погоди дури 10 тројки, од кои три беа во првите три напади на мечот. Денвер лесно поведе со 17:3 на стартот, а Мареј за крај на првата четвртина постигна тројка и од половина терен.

Мареј на крајот заврши со 37 поени, а дури шестмина кошаркари на Денвер постигнаа двоцифрен број поени. Никола Јокиќ застана на 18 поени, но Србинот стигна до нов-трипл дабл откако имаше и 17 скока и 12 асистенции. За Денвер ова е седма победа по ред.

Сан Антонио ја продолжува одличната серија од 10 победи, а сега славеше над Голден стејт со 127:113, и тоа на гости. Виктор Вембанјама беше незапирлив и постигна 41 поен, а имаше и 18 скока.

Во деветте меча кои се одиграа ноќеска, сите 18 екипи постигнаа над 100 поени, а дури три беа со 145+ постигнати поени.

Резултати: Орландо – Атланта 101:130, Вашингтон – Филаделфија 131:153, Мајами – Бостон 129:147, Чикаго – Индијана 126:145, Хјустон – Милвоки 119:113, Мемфис – Њујорк 119:130, Торонто – Сакраменто 115:123, Јута – Денвер 117:130, Голден Стејт – Сан Антонио 113:127.

- Оглас -

Најнови вести