Марек Хамшик пред две децении ја започна фудбалската кариера, а многу брзо стана впечатлив на теренот благодарение на неговата фризура. Словакот најголем успех во кариерата стекна играјќи за Наполи, а токму неговиот поранешен клуб е причината за тоа што реши да го смени имиџот.
Цели 12 години Хамшик беше дел од Наполи, во периодот од 2007 до 2019 година. Кога си замина, тој даде ветување дека ќе ја смени фризурата доколку тренерот Лучијано Спалети успее да го донесе Скудетото од Серија А во витрините на тимот од југот на Италија.
Иако поминаа само 20 кола од првенството во Серија А, Хамшик седна на фризерското столче и го промени имиџот што го негуваше две децении. Наполи има 53 бода и е лидер дури со 13 повеќе од второпласираниот Интер, па за Хамшик тоа е доволен знак дека шампионот во Италија веќе е познат.
Со новата фризура Словакот се пофали на социјалните мрежи, каде што доби голем број интересни коментари.
View this post on Instagram