36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Мареска: Челзи не е фаворит против Флуминенсе, но наша цел е освојување на трофејот

Флуминенсе е последната пречка пред Челси на патот кон финалето на Светското клупско првенство. Менаџерот Енцо Мареска нема да може да смета на казнетите Лијам Делап и Леви Колвил, како и на повредениот Ромео Лавија, но изрази целосна доверба во длабочината на тимот.

„На последниот натпревар немавме на располагање играчи како Лавија, Каиседо и Рис Џејмс, но најдовме решенија во средниот ред. Сега, во нападот, Жоао Педро е подготвен, исто како и Нико Џексон“, изјави Мареска.

Мареска истакна дека има голема верба во Жоао Педро, кој неодамна пристигна од Брајтон за 70 милиони евра, и дека може да игра и како централен напаѓач и зад шпицот. Италијанецот ја нагласи важноста од колективен придонес.


„Претпочитам петмина играчи да постигнат по 10-12 голови, отколку еден да даде 40.“

Жоао Педро дебитираше против Палмеирас, а сега би можел да го забележи и својот прв стартен настап, повторно против бразилски тим.


По поразот од Фламенго (1-3) во групната фаза и победата над Палмеирас во четвртфиналето, Мареска ја потенцираше сериозноста на претстојниот предизвик.


„Колку натпревари одиграа бразилските тимови сезонава? Ние одигравме 63. Европските екипи доаѓаат тука во поинаква состојба, но желбата за победа е иста.“

„Знаеме колку е важен натпреварот за Флуминенсе, но ние сме тука за да стигнеме до финалето“, додаде Мареска, кој откри дека во изминатите недели гледал десетици натпревари на бразилски клубови.


Тој го пофали бразилскиот фудбал и го издвои Ренато Гаучо.


„Гледав многу натпревари кога Ренато беше во Гремио. Тој е тренер со големо искуство и свој стил. Флуминенсе има одлични играчи како Аријас и Кано.“

„Челси не е фаворит. На оваа фаза од турнирот нема фаворити, секој меч е тежок. Ако се тука, значи го заслужиле тоа“, заклучи Мареска, кој е на чекор од второто финале како тренер на Челзи, по освоената Конференциска лига на 28 мај.

- Оглас -

Најнови вести