Мареска: Неприфатливо е да има прекин од два часа, тоа не е фудбал

Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, даде остра изјава по повод двочасовниот прекин на натпреварот од осминафиналето на Светското клупско првенство против Бенфика. Челзи победи, но натпреварот беше прекинат во 87-та минута поради лоши временски услови, и продолжи речиси два часа подоцна.

„Не примивме ниту еден гол, создадовме доволно шанси за да го добиеме натпреварот. А потоа, по паузата, натпреварот целосно се промени. Не мислам дека тоа е фудбал. Ова е седмиот, осмиот, деветтиот натпревар на ова пренство што е прекинат. Мислам дека е за потсмев, да бидам искрен. Ова е нешто сосема ново, тешко ми е да го разберам. Разбирам дека од безбедносни причини, мора да го прекинат натпреварот. Но, ако прекинат седум или осум натпревари, тоа значи дека веројатно тука не е соодветно место за одржување на ова натпреварување. Дали прекините му наштетија на турнирот? Ве молам не ме сфаќајте погрешно. Реков дека е фантастичен турнир. Тоа е Светско клупско првенство. Среќни сме што сме меѓу првите осум. Но, ова што се случува не е нормално. Колку натпревари се суспендирани на Светско првенство? Веројатно нула. Колку натпревари се прекинати во Европа? Нула“, вели Мареска. 

Италијанецот продолжи да се жали.

Сега зборувам како менаџер. Се обидувате да ги држите играчите фокусирани, но тие два часа комуницираат со семејствата, јадат нешто, си играат, се смеат. Како можете да ги држите фокусирани во соблекувална два часа?“, раскажа Мареска.

- Оглас -

Најнови вести