Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, за време на зимскиот преоден рок реши да ја „исчисти соблекувалната“ од непотребните фудбалери, односно играчите кои нема да му бидат потребни во продолжението на сезоната. Лондонскиот клуб активно бара решение за тоа како да се ослободи дури од шестмина фудбалери кои не се вклопуваат во визијата на тренерот Мареска.
На листата на играчи кои треба да си заминат се наоѓаат: Тосин Адарабијо, Факундо Буонаноте, Аксел Дисаси, Рахим Стерлинг, Беноа Бадијашилеј, Филип Јоргенсен. Од оваа група, само Адарабијо повремено добиваше шанса, но без забележителен ефект. По натпреварот против Лидс, тој практично беше исфрлен од првиот тим и остана без перспектива во Челзи.
Стерлинг, кој е едно од најскапите засилувања во историјата на Челзи, е на радарот на неколку клубови, како што се: Лидс и Кристал палас, додека за Дисаси се интересира Рома. За останатите четворица прекубројни допрва треба да се бара решение каде би можеле да бидат дадени да играат.
Челзи моментално е на четвртото место на табелата во Премиер лигата со 29 бода од 17 одиграни средби. Пред Челзи се само Арсенал, Манчестер сити и Астон вила.
Следниот предизвик за Челзи е токму дерби-пресметката против Астон вила.

