Марез е новата гордост на Африка, Сити направи потег што пет години не е виден во ЛШ

Манчестер сити имаше доминација на гостувањето кај Лајпциг, но на крајот одигра само 1:1, што значи дека реваншот во Англија ќе биде неизвесен. Ријад Марез го даде голот за Сити, погодок кој е вкупно 20-ти за Алжирецот во Лигата на шампионите.

Марез со овој гол стана само петиот фудбалер од Африка што ја достигнал оваа бројка од 20+ погодоци во елитното европско натпреварување на УЕФА. Од африканските фудбалери, рекордери по бројот на постигнати погодоци во Лигата на шампионите се Мохамед Салах од Египет и легендата на Челзи и на Брегот на Слоновата Коска, Дидие Дрогба, кои зад своето име имаат по 44 погодоци во ЛШ.

Потоа следува Самуел Ето со точно 30 гола во Лигата на шампионите, која ја има освоено со Барселона во 2009 година. Три гола помалку од Ето има Садио Мане, а сега во листата 20+ голови на африкански фудбалери се приклучи и Марез.

Сити на гостувањето кај Лајпциг не направи ниту една измена и тоа е првпат еден тим во последните четири и пол години, цел меч да го одигра со стартниот тим. Последен пат тоа беше Манчестер јунајтед во октомври 2018 година, на дуелот против Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести