14.8 C
Skopje
петок, 10 октомври 2025

Марез по пласманот на СП: „Не сум Роналдо, уште Мундијалот и крај“

Репрезентацијата на Алжир е 20-тиот учесник на Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико, но по победата над Сомалија и официјалнизирањето на учеството, нивниот најдобар фудбалер, Ријад Марез, најави дека по завршувањето на Мундијалот заминува во фудбалска пензија.

„Ова ќе биде последното Светско првенство за мене. Не сум Кристијано Роналдо. Ќе го дадам најдоброто од себе за да направиме што е можно подобар резултат на Мундијалот. Доминиравме од почетокот до крајот на квалификациите и со оваа победа и официјално го обезбедивме учеството. Се радувам што ќе играм на Светското првенство“, рече Марез за алжирските медиуми.

Ријад Марез има 34 години, а во февруари следната година ќе наполни 35. Освои пет трофеи од Премиер лигата, еден со Лестер и четири со Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести