Марез уште три години во Сити

Манчестер сити и Ријад Марез ја обновија соработката на уште три години, до јуни 2025. Алжирската ѕвезда останува верен на англискиот првак за кого игра веќе четири години со голем успех.

Откако го напушти Лестер и го облече светло-синиот дрес за сума од 67 милиони евра во летото 2018, Марез запиша 188 настапи со учинок од 63 гола и 45 асистенции во сите натпреварувања. Во меѓувреме се закити со три титули во Премиер лигата, три трофеи во Карабао Купот, како и еден во ФА купот.

„Пресреќен сум што ја обновив соработката. Уживам во секоја измината минута како член на Манчестер сити. Во изминативе четири години доживеавме големи успеси и тоа ме прави уште повеќе гладен за нови достигнувања. Им благодарам на Пеп и управата за укажаната доверба, ќе им вратам така што ќе остваруваме нови успеси“, истакна Марез.

На „Етихад“ деновиве се работи со полна пареа. Пред овој потпис, неколку дена порано беа претставени новите засилувања Ерлинг Халанд и Хулијан Алварез, воедно потпиша Калвин Филипс, а Гвардиола размислува и да ја освежи и одбраната.

- Оглас -

Најнови вести