Ријад Марез, фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, изјави дека во 2016 година бил блиску до трансфер во Арсенал. Тоа лето Марез беше најдобар играч на првакот Лестер и имаше многу понуди, но остана кај Лисиците до 2018 година, пред да замине во Сити.
„Загубив две години во кариерата. Можев да играм на највисоко ниво. Наместо на 27, во Сити можев да заминам на 24 или 25 години. Но, во летото 2016 година Лестер не сакаше да ме пушти да си одам. Мојот менаџер имаше контакт со Арсенал и Арсен Венгер сакаше да ме види во неговиот тим, имавме и постигнато договор, но, за жал, трансферот не се реализираше. Не е лесно од борба за титула да паднете на борба за опстанок“, изјави Марез.