Мари го повтори легендарниот потег на Џордан, и тоа повторно во дуел со Лејкерс (Видео)

Денвер загуби од Лејкерс во мечот одигран рано утрово, но потегот на мечот останува за најпрецизен кај Нагетс. Џемал Мари успеа да постигне кош на неверојатен начин, а многумина го споредија со легендариот потег на вечниот Мајкл Џордан.

Мари тргна на забивање, но пред него се појави Леброн Џејмс и наместо да се обиде да забие, играчот на Денвер едноставно ја спушти топката и на втор обрач успеа да положи. Речиси ист таков потег во финалето на плејофот во 1991 година направи Џордан и тоа беше на меч против Лејкерс. Тој потег на Џордан се памти уште, а Мари успеа да покаже дека има кој да го наследи и да го ископира.

Погледнете ги двата спектакуларни потези од утрово на Мари и од пред речиси 30 години на Џордан.

 

- Оглас -

Најнови вести