Марио Геце, фудбалерот на Борусија Дортмунд, одлучи да ја прекине соработката со татко му Јирген и кариерата да ја препушти на друг агент. Оваа одлука доаѓа во пресрет на неговото второ заминување од „Сигнал Идуна парк“ откако е најавено дека во следниот преоден рок ќе ја менува средината.
Јунакот на Панцерите од Мундијалот во 2014 година ѝ се приклучи на агенцијата чии членови се Емре Џан, како и сегашниот и претходниот тренер на Милионерите, Лусиен Фавр и Питер Бош.
Геце за првпат во кариерата ќе се обиде да игра надвор од Бундеслигата, откако претходно настапуваше и за Баерн Минхен. Рома засега е прв кандидат за неговиот потпис.