Марио Илиевски потпиша за Приштина

Македонскиот напаѓач Марио Илиевски има нов клуб. Toj од денеска официјално е член на косовскиот прволигаш Приштина.

Илиевски минатата сезона настапуваше за бугарскиот клуб ЦСКА 1948, а сега се сели на Косово.

„Марио е напаѓач кој веќе покажа дека поседува голем потенцијал и напаѓачка инстинктивност. Остави силен впечаток во Бугарија, Унгарија и во дресот на македонските младински селекции. Очекуваме од него страст, енергија и голови“, соопштија од клубот Приштина.

Илиевски не ја криеше возбудата поради новиот предизвик:

„Среќен сум што доаѓам во клуб со амбиции како Приштина. Ќе дадам сѐ од себе на секој натпревар, со цел да се бориме за титулата и да се вратиме на европската сцена.“

- Оглас -

Најнови вести