Капитенот на репрезентацијата за фудбалери до 21 година, Марио Илиевски, е прекомандуван во сениорската репрезентација за дуелите против Фарските острови и Ерменија и нема да настапи на вториот меч за младинците, оној на гостински терен против Гибралтар.
Илиевски доаѓа на местото на повредените Александар Трајковски и Милан Ристовски и ќе го очекува своето деби во сениорската репрезентација. Фудбалерот на ЦСКА 1948 од Софија за репрезентацијата до 21 година има одиграно 33 натпревари, на кои постигна седум гола.