24.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Марјан Ристовски го засили Пелистер

Македонскиот прволигаш Пелистер ангажираше квалитетно засилување за претстојната сезона во Првата лига. Ново име во редовите на клубот е Марјан Ристовски, кој потпиша договор на една година со тимот од Битола.

„Фудбалскиот клуб Пелистер доби значајно освежување во ростерот за сезоната 2025/26. Станува збор за искусниот македонски фудбалер Марјан Ристовски, кој со своето искуство од домашната сцена ќе придонесе за посилен тим. Тој е 28-годишен играч кој делува по крилните позиции и има значителна мината во Првата македонска лига“, информираа од клубот.

Ристовски е родум од Гевгелија и досега има настапувано за неколку домашни клубови, Кожуф, Тиквеш, Борец, Работнички, Силекс, Вардар, Брера, како и за грчкиот тим Кавала.

Зад себе има 124 одиграни натпревари и 20 постигнати голови во македонската Прва лига. Минатата есен го носеше дресот на Брера Струмица, каде настапи на 14 натпревари.

Со овој трансфер, Марјан Ристовски стана третото летно засилување на Пелистер, по доаѓањето на Стефан Спировски и српскиот интернационалец Ристиќ.

- Оглас -

Најнови вести