Македонскиот фудбалер Марјан Ристовски се приклучи на грчкиот второлигаш АО Кавала 1965, кој му посака топло добредојде и го претстави како искусен играч со богата кариера во македонската лига.
28-годишниот Ристовски, кој најчесто игра на позицијата лево крило, има настапувано за неколку македонски клубови, вклучувајќи ги Кожуф, Тиквеш, Борец, Работнички, Силекс и Вардар.
Во АО Кавала пристигнува од Брера Струмица, каде што оваа сезона одигра 14 натпревари и постигна четири погодоци. За Ристовски, ова е прва можност да ја продолжи својата кариера надвор од границите на Македонија.