Ирскиот снукер играч Марк Ален направи спектакуларен максимален брејк од 147 за време на дуелот против Крис Вејклин на Светското првенство во Шефилд и стана 11-тиот играч во историјата кој направил максимум на СП.
Ако веќе нема максимални брејкови на СП, 39-годишниот Ален ќе добие бонус од 45.000 фунти. За Ален тоа беше петти максимум во кариерата, но денешниот е посебен затоа што го направи пред огромен телевизиски аудиториум и пред публиката во „Крусибл театарот“, кој е храм на снукерот.
Ален влезе во историјата и како првиот што направил брејк од 147 на трите најважни турнири на светот, Светско првенство, шампионатот на Обединетото Кралство и Мастерсот.
Ален е пред пораз, губи со преубедливи 4-12 (се игра во 13 добиени фрејмови) и за него денеска ќе заврши настапот на СП 2025, но го украде шоуто во 13-тиот фрејм во кој беше непогрешлив и ја исчисти масата. Особено атрактивен беше потегот кога го дупка ја внесе 11-тата црвена кугла.
Погледнете го финишот на фрејмот кој сите ги крена на нозе:
Mark Allen’s 1️⃣4️⃣7️⃣
The best bits 😉#HaloWorldChampionship | @pistol147 pic.twitter.com/8c1x5dNFkd
— WST (@WeAreWST) April 25, 2025