Марк Гасол и кажа збогум на НБА лигата, ќе игра за клубот чиј претседател е

Мемфис гризлис се откажаа од Марк Гасол и шпанскиот репрезентативец ќе се врати во Шпанија и ќе игра за клубот чиј претседател е од 2014 година.

Гасол помладиот ќе игра за Баскет Жирона во Шпанија, клуб што го формираше во 2014 година и оттогаш ја има и функцијата на претседател.

Претходно и неговиот брат Пау Гасол ја напушти НБА лигата и играше за Барселона, клуб каде и Марк ја започна кариерата.

Играше за Мемфис гризлис во два наврати, а последниот заврши со разделба. Беше член и на шампионскиот тим на Торинто репторс во 2019 година, а настапуваше и за најтрофејната екипа во НБА, Лос Анџелес лејкерс.

Трипати Марк Гасол беше и на Ол-стар викендите и еднаш беше и во идеалната петорка на најсилната кошаркарска лига на светот.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести