22.8 C
Skopje
четврток, 31 јули 2025

Марк Маркес со триумф ја отвори сезоната во Мото ГП

Марк Маркес триумфираше на првата трка од новата сезона во Мото ГП, која се одржа во Тајланд. Ова е неговата прва победа на отворањето на сезоната по единаесет години.

Шпанскиот ас заврши пред својот брат Алекс Маркес, кој го освои второто место, додека актуелниот шампион Франческо Бањаја со Дукати се пласираше на третата позиција. Со оваа победа, Маркес се искачи на врвот во генералниот пласман, што му се случува првпат по шест сезони.

Во самата завршница на трката имаше вистинска драма, кога Марк успеа да го претекне својот брат Алекс и да ја осигура првата победа сезонава. Франко Морбидели заврши на четвртата позиција, додека дебитантот Аија Огура остави одличен впечаток со петтото место.

Првите десет возачи ги комплетираа Марко Бецеки, Жоан Зарко, Бред Биндер, Енеа Бастианини и Фабио ди Џанантонио.

Следната трка во календарот е Големата награда на Аргентина, која ќе се вози од 13 до 16 март.

- Оглас -

Најнови вести