Марк Селби го уништи Рони О’Саливен како никогаш претходно

Четвртфиналето од Чемпионшип турнирот во Телфорд донесе дуел на титаните во снукерот меѓу Марк Селби и Рони О’Саливен, а резултатот на крајот е прилично шокантен.

Селби одигра перфектно и успеа да му нанесе тежок удар на најдобриот снукер играч, победувајќи го О’Саливен со убедливи 6:0. Четирикратниот светски првак од Лестер направи и еден троцифрен брејк (105), а потоа имаше и уште четири одлични брејка од 91, 81, 65 и 59 и тоа му беше доволно да го растури легендарниот О’Саливен.

Селби во полуфиналето ќе го чека подобриот од денешниот дуел меѓу Џон Хигинс и Занг Анде. Во вториот денешен меч, најдобриот играч од Северна Ирска, Марк Ален, кој го прослави 38-миот роденден, ќе игра против Алистер Картер, кој во претходното коло изненадувачки го победи Џуд Трамп.

 

- Оглас -

Најнови вести