„Марка“ ексклузивно објави како изгледа левото око на Рудигер на четири дена пред Ел Класико (Фото)

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, и понатаму верува дека тренерот Карло Анчелоти ќе може да смета на него за Ел Класико против Барселона в недела попладне, иако има непријатна повреда и левото око му е затворено.

Рудигер синоќа настрада при постигнувањето на голот за изедначување на гостувањето кај Шахтар, погодок со кој Реал си обезбеди пласман во осминафиналето на ЛШ. Поради обилното крварење, прво се чинеше дека е повреда на носот, но во воздушниот судар со голманот Трубин, настрадаа челото и окото на Германецот од Реал.

Раната на Рудигер беше сошиена со 20 копчиња, а весникот „Марка“ денеска објави фотографија како изгледа окото на Тони.

До дуелот со Барса има уште четири дена, а Рудигер верува дека со маска на лицето би можел да помогне и со таа изјава стана јунак на фановите на Кралскиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести