Каиро Интернешнл е најубав стадион на светот според изборот на читателите на реномираниот шпански медиуим „Марка“, а Ал Ахли, кој настапува токму на таа арена го има најубавиот клупски симбол, откако доби најмногу гласови во конкуренција на мароканска Ража Казабланка.
Сега „Марка“ го продолжи интересниот серијал и во тек е гласањето за клуб кој ги има најдобрите навивачи на планетата, а засега на врвот е бразилски Фламенго.
„Црвено-црните“ од Рио Де Жанеиро досега имаат околу 12 илјади приврзаници, кои гласале дека нивните навивачи се број 1 во светот на фудбалот.
На второто место моментно е Бетис, со неговиот навивачки вулкан на „Бенито Вилјамарин“, а трет е познатиот Коп на Ливерпул на „Енфилд роуд“.
За Бетис досега гласале околу 7 илјади луѓе, а лидерот во Англија и актуелен европски првак Ливерпул засега изброи 5.300 гласови.
Моментно во Топ-10 редоследно се Борусија Дортмунд со легендарниот Жолт сид на „Вестфален“, потоа Атлетико Мадрид, Реал Мадрид, неизбежниот Ал Ахли од Египет, Атлетик Билбао, Бока јуниорс со феноменалниот навивачки колорит на „Бомбоњера“ и Севилја.
Комплетниот распоред на екипи со најдобри навивачи што го понуди „Марка“ во својот избор можете да го погледнете ОВДЕ.