„Марка“: Крај на дебатата, Ѓоковиќ е најдобриот тенисер во историјата

Шпанскиот спортски весник „Марка“ веднаш по тримфот на Новак Ѓоковиќ на Отвореното првенство на САД и освојувањето на 24-тиот гренслем-трофеј, објави текст со кој констатира дека време е да се стави крај на дебатата за тоа кој е најдобриот тенисер во историјата.

Ѓоковиќ по триумфот во Њујорк има два гренслем-трофеја повеќе од Рафаел Надал и четири повеќе од Роџер Федерер.

Според „Марка“, токму бројот на титулите освоени на четирите најголеми тениски турнири е прв доказ дека Ѓоковиќ е најдобар во историјата. Потоа Ѓоковиќ е единствениот кој по четврти пат во една година триумфирал на три гренслем-турнири.

https://twitter.com/MARCAinENGLISH/status/1701017308876181764?s=20

Весникот пишува дека Новак од денеска ја започна 390-тата недела на првото место на АТП ранг-листата, додека Федерер поминал 310 недели како прв тенисер на светот.
Уште еден аргумент на „Марка“ дека Новак е најдобриот во историјата е дека Србинот има дури 39 триумфи на турнирите од серијата мастерс 1000, додека Надал има три помалку. Притоа, Новак е единствениот тенисер кој успеал да победи на сите девет мастерс турнири.

Уште еден податок кој оди на сметка на Новак е дека половина од гренслем-трофеите ги освои по неговата 30-та година, а утринава со 36 години стана најстариот победник на Отвореното првенство на САД во модерната ера.

Исто така утринава Новак го играше неговото 36-то финале, додека Федерер има 31, а Надал 30.

На негова страна е и процентот на победи во кариерата. Ѓоковиќ победил на 1076 од 1287 меча во професионалната кариера, што е 83,6 отсто успешност, додека Надал е на 82,9 отсто со 1068 победи во 1288 меча.

 

- Оглас -

Најнови вести