Легендата на аргентинскиот и светскиот фудбал, Лионел Меси, беше почестен на специјална церемонија организирана од весникот „Марка“. Од шпанскиот медиум му доделија златна статуа со неговиот лик како признание за неговата импресивна кариера.
Со своите 46 тимски трофеи и 56 индивидуални награди, поранешниот капитен на Барселона е број 1 според бројот на освоени трофеи во историјата на фудбалот.
Покрај тоа, „Марка“ направи и листа на „најдобрите шестмина во историјата“, на која Лео Меси е на врвот. На второто место е Кристијано Роналдо, а потоа следуваат Пеле, Ди Стефано, Диего Марадона и Јохан Кројф.
Церемонијата се одржа на стадионот на актуелниот клуб на Лионел Меси, Интер Мајами.
🚨 Ya es suyo
— MARCA (@marca) October 17, 2024
🏆 Leo Messi, Campeón de Campeones. El futbolista con más títulos de la historia. Insuperable pic.twitter.com/jlPnor9mbF