Шпанскиот спортски весник „Марка“ му посвети текст на Новак Ѓоковиќ во кој напиша дека Србинот е најдобриот тенисер на сите времиња.
„Марка“ по победата на Ѓоковиќ над Бен Шелдон во полуфиналето на Отвореното првенство на САД, го опиша Новак како „совршена машина“ која доминира во тенисот.
„Времето не му може ништо на Новак Ѓоковиќ, 36-годишен тенисер кој живее од победите. Поинаку не може да се објасни дека оваа година е дел од сите четири гренслем финалиња, Австралија опен, Ролан Гарос, Вимблдон и Отвореното првенство на САД. Во својот камбек во Њујорк, две години по поразот од Данил Медведев, Новак повторно тропа на вратата во која се наоѓа шампионскиот пехар. Негова последна жртва е Бен Шелдон“, пишува во текстот на „Марка“.
Новинарот притоа потенцира дека ова е десетто финале за Ѓоковиќ на Њујорк и со тоа го израмни рекордот на Бил Тајден.
„Во расправијата кое е најдобриот во историјата, Новак е убедлив победник. Крај неговото име стои дека има 36 гренслем финалиња, уште еден рекорд кој ќе биде речиси невозможно да се собори. Ѓоковиќ е „совршена машина“. Од последните 23 полуфиналиња на четирите најголеми турнири, победи во дури 22. Вкупниот рекорд му е 36-11, единствен кикс му е мечот со Доминик Тим на Ролан Гарос во 2019 година кој го одбележа силниот ветер и влијаеше на конечниот исход“, пишува „Марка“.
Ѓоковиќ во утрешното финале ќе игра против Данил Медведев и тоа ќе биде реприза од финалето од 2021 година во кое слевеше рускиот тенисер.