„Марка“: Трансферот на Трент Александер-Арнолд е завршена работа, се чека Ливерпул да го ослободи веднаш

Трансферот на Трент Александер-Арнолд од Ливерпул во Реал Мадрид е завршена работа, барем според шпанската „Марка“. Фудбалерот на којшто му завршува договорот со Црвените налето веќе му кажал ДА на Кралскиот клуб и ги прифатил понудените услови, па веќе од лето како слободен фудбалер може да се пресели во Мадрид.

Сепак, во моментов раководството на Реал Мадрид, но и на менаџерскиот тим на фудбалерот се обидуваат да го убедат Ливерпул да го ослободи веднаш и да не чекаат до лето. Црвените неколку пати претходно ги одбиваа понудите од Реал Мадрид и се надеваа дека ќе го убедат фудбалерот да го продолжи договорот, па сега останува неизвесно дали ќе прифатат предвремен раскин или можеби ќе го пуштат за многу помала сума од моменталната вредност на Трент Александер-Арнолд.

- Оглас -

Најнови вести