„Марка“ тврди дека Роналдо веќе има нов клуб од кој ќе инкасира 200 милиони евра

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо се наоѓа пред потпис на договорот со тимот од Саудиска Арабија, Ал-Наср, пишува шпанскиот спортски весник „Марка“.

Според „Марка“, Роналдо веќе ги договорил сите детали од договорот во Доха и би требало да заработи повеќе од 200 милиони евра за тригодишен договор.
Ал-Наср во своите редови има неколку познати фудбалери, а тренер на екипата е поранешниот тренер на Рома, Руди Гарсија.

Роналдо непосредно пред почетокот на Светското првенство во Катар, доби раскинување на договорот со Манчестер јунајтед откако во интервју со англискиот новинар Пирс Морган ги нападна управата на Црвените ѓаволи, тренерот Ерик тен Хаг и соиграчите велејќи дека не ги почитува бидејќи и тие не го почитуваат него.

- Оглас -

Најнови вести