0.8 C
Skopje
петок, 14 ноември 2025

Марканен уфрли 40 поени, но Јута загуби од Атланта

Кошаркарите на Јута џез доживеаја пораз на домашен терен од Атланта хоукс со 122-132.

Уште во првото полувреме гостите покажаа дека се дојдени по победа, а Јута особено во првата четвртина прими многу поени.

Првата четвртина заврши со водство на Атланта од 42-33, а на пауза се замина со резултат 80-67.

Екипата на Јута одигра феноменална трета четвртина, стигна до израмнување и ја направи последната четвртина многу возбудлива.

Сепак, подобри во последниот период беа гостите, кои на крајот забележаа победа од десет поени разлика.

Најефикасен играч во поразот на Јута беше Марканен со 40 поени, седум скокa и две асистенции. Го следеше Бејли со 21 поен, пет скокa и три асистенции, а Јусуф Нуркиќ постигна 10 поени, запиша десет скокa и осум асистенции.

Во победничкиот тим најдобри беа Оконгву со 32 поени, 11 скокa и две асистенции и Џонсон со 31 поен, 18 скокa и 14 асистенции.

Кливленд на домашен терен беше поразен од Торонто, а пресудна беше многу слабата втора четвртина. Гостите одиграа добар натпревар и славеа со 13 поени разлика, 113-126.

Феникс на домашен терен славеше против Индијана, и тоа со убедлива победа дури од 35 поени разлика. Сонцата победија со 133-98.

Гостите во три од четирите четвртини уфрлија над 30 поени, што беше доволно за убедлив триумф.

- Оглас -

Најнови вести