Марк Маркес беше однесен во болница, повеќе од превентивни причини, но и на дополнителни прегледи, по страотниот пад што го имаше во првата мотосесија во Бурирам, пред стартот на трката за Големата награда на Тајланд.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=38&v=sicVjN5ev2g
Неговиот мотор беше речиси комплетно уништен, но Маркес, за среќа, не е сериозно повреден и веќе им се обрати на своите фанови преку социјалните мрежи.
„Падот беше страшен, но јас сум добар“, напиша на Твитер Маркес.