Маркес ја донесе 300-тата победа за Хонда во Мото ГП

Марк Маркес ја запиша третата овосезонска победа во Мото ГП шампионатот по пет досегашни трки, освојувајќи ја Големата награда на Франција на патеката „Ле Ман“. Воедно, Шпанецот испиша историја за својот тим Хонда, ја донесе јубилејната 300-та победа во историјата на овој тим во „кралската класа“.

Актуелниот светски првак беше побрз за повеќе од една секунда пред двоецот на Дукати, Довициозо и Петручи, кои ги завзедоа втората, односно третата позиција на подиумот.

Џек Милер од тимот на Прамак рејсинг заврши со четврто најдобро време, додека Валентино Роси ја зарши трката од позицијата која ја започна, односно на петтото место.

https://twitter.com/MotoGP/status/1130092452730343430

- Оглас -

Најнови вести