Маркес со победа се одјави за оваа сезона, Лоренцо 13-ти во последната негова трка

Светскиот првак Марк Маркес ја освари 12-тата победа на последната трка од сезоната во Мото ГП шампионат. Шпанецот беше најбрз во Валенсија и по 12-ти пат се искачи на највисокото место на подиумот од вкупно 19 трки.

Со оваа победа на Маркес, тимот на Хонда ја освои титулата како најдобри механичари за оваа сезона.

Зад Маркес се најдоа Фабио Квартараро со неговиот Јамаха, како и Џек Милер. Оваа трка ќе се памети по тоа што е последна за петкраткиот светски првак Хорхе Лоренцо. Возачот на Хонда одлучи да се повлече од кралската класа, а трката во Валенсија ја заврши на 13-тата позиција.

https://twitter.com/MotoGP/status/1196062191625093122

- Оглас -

Најнови вести