37.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Маркетинг и политика на Ел Класико, Реал и Барса ќе играат во нетрадиционални дресови

Реал Мадрид е препознатлив во светот по белата, а Барселона по сино-црвените бои, но в недела вечерта, кога ќе се сретнат овие најголеми ривали во шпанскиот фудбал и пошироко, ниту Реал ќе биде Лос Бланкос, ниту Барса во нејзината Блауграна.

Од Мадрид открија дека тимот ќе игра со црни дресови, кои се четврта опрема на клубот, а тоа се прави во чест на 120-тиот роденден на клубот. Дресот е црн, со бели мотиви.

Барселона нема да биде во своите традиционални бои, туку ќе носи дрес со „Сениера“, како што е називот на каталонското знаме. Ова кај фановите на Реал се толкува како провокација, но нема да биде првпат Барселона на Ел Класико да биде во жолта боја со црвени линии.

- Оглас -

Најнови вести