Маркез нема да се трка во Асен, отворен патот за победа на некој од Италијанците

Денешната Мото ГП трка за Големата награда на Холандија на патеката во Асен, ќе биде осиромашена со неучеството на големиот шампион Марк Маркес.

Шпанецот утрово објави дека уште има големи болки како последица од падот во Германија и дека не може да учествува на денешната трка. Маркес од Репсол Хонда кој имаше скршеница на ребро и повреди на прст на левата рака и глуждот на десната нога, не беше во првиот ред фаворити за победа. Вчера Марк беше дури 17-ти на квалификациите.

Топ кандидати за триумф според квотите во Sport Life се Италијанците Марко Бецеки и Франческо Бањаја.

- Оглас -

Најнови вести