Марчезин се запиша во тимот на Кариус – Голманска грешка што може да го чини Порто и титула (Видео)

Аугустин Марчезин, голманот на Порто, се запиша во тимот киксери на ненадминливиот Лорис Кариус и е главен виновник за негативата на лидерот против Фамаликао.

Во 48-мата минута голманот на гостите направи кардинална грешка и непречен од никого му ја додаде топката на противничкиот напаѓач, а рутински на празна мрежа казни Фабио Мартинс.

Фамаликао со тој погодок води со 1:0 во вториот меч што се игра вечерва, на денот кога се рестартираше португалското првенство.

Овој кикс на Марчезин може да го чини Порто и титула бидејќи Змаевите водат мртва трка со Бенфика и имаат еден бод предност, а пораз, па ни реми не им одговара.

До крајот на мечот има уште околу 25 минути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести