Маркињос ќе биде следната голема ѕвезда во Саудиска Арабија?

Маркињос може да стане следната голема ѕвезда која ќе го напушти европскиот фудбал за трансфер во Саудиска Арабија. По 12 сезони во Пари Сен Жермен, клубот наводно е подготвен да го пушти ако пристигне соодветна понуда ова лето, пишува „Л’Екип“.

Иако минатото лето Бразилецот одби понуди од Персискиот Залив, сега ситуацијата е поинаква. Тренерот Луис Енрике планира реконструкција на тимот, а Маркињос веќе не се смета за „незаменлив“ во идните планови.

Во исто време, ПСЖ го следи Ибрахима Конате од Ливерпул како потенцијална замена, со оглед дека неговиот договор истекува во 2026 година, а преговорите за нов сѐ уште не се напреднати.

Маркињос, и покрај најавите за потенцијално заминување, продолжува да игра на високо ниво, против Арсенал во полуфиналето од Лигата на шампионите имаше клучна улога во победата од 0-1. По освоената титула во Лига 1, најверојатно ќе добие одмор за мечот со Стразбур, за да биде свеж за реваншот на 7 мај.

- Оглас -

Најнови вести