Репрезентативецот на Австрија, Марко Арнаутовиќ, ќе биде нов фудбалер на Црвена ѕвезда и во следните две сезони ќе го носи дресот на поранешниот европски шампион. Играњето за „црвено-белите“ е детски сон за Арнаутовиќ, но и Црвена ѕвезда долго се обидуваше да го донесе на белградска „маракана“.
За какво засилување станува збор, доволно говори и фактот дека последниот меч за Арнаутовиќ беше финалето на Лигата на шампионите против ПСЖ.
Иако деталите од договорот не беа откриени, австриски „Скај“ ексклузивно објави дека Арнаутовиќ ќе ја има најголемата плата во историјата на српскиот фудбал. Тој за две сезони ќе заработи пет милиони евра, односно по 2,5 милиони евра годишно, сума која ја немал нитуеден друг фудбалер пред него во Србија.