Марко Арнаутовиќ минатото лето пристигна како големо засилување во Црвена ѕвезда, но до сега собра само девет настапи и постигна два гола, а најчесто беше резерва и влегуваше од клупа.
Сега српските медиуми пренесуваат дека тој може да си замине од Белград уште зимава, а негов следен клуб може да биде во Белгија. Се работи за Серкл Бриж, чиј тренер истовремено е и асистент во репрезентацијата на Австрија, па тоа е конекцијата помеѓу белгискиот клуб и фудбалерот.
Неофицијално, двете страни веќе имале контакт, а Арнаутовиќ изразил подготвеност да се пресели во Белгија уште зимава.
Репрезентативецот на Австрија има договор со Црвена ѕвезда до 2027 година, па ќе биде интересно да се види дали „црвено-белите“ ќе го ослободат од обврските доколку изрази желба да си замине или ќе бараат обесштетување.