Марко Барони ја напушти клупата на Лацио

Тренерот на Лацио, Марко Барони, си поднесе оставка од функцијата, потврди спортскиот директор на клубот, Анџело Фабијани, за италијанскиот весник „Ил Месаџеро“. Барони, кој пристигна минатото лето од Верона, ја водеше екипата само една сезона.

„Одлуката е негова и е од лични причини“, изјави Фабијани. „Имавме одлична сезона, бевме во трка за Лигата на шампионите до последното коло. Малку повеќе бодови на домашен терен ќе ни ја донесеа целта.“

И покрај тоа што Лацио не обезбеди европски настап, Фабијани нагласи дека проектот продолжува: „Ќе се фокусираме на младите и ќе ги задржиме клучните играчи. Овој тим нема да се распаѓа, туку ќе се надградува.“

Интересно е што во претходната сезона, клубот смени три тренери, Маурицио Сари, Џовани Мартушело и Игор Тудор. Италијанските медиуми шпекулираат дека Маурицио Сари би можел повторно да седне на клупата на римскиот клуб.

Инаку, дури 13 од 20 клубови во Серија А минатата сезона ги сменија своите тренери.

- Оглас -

Најнови вести