Спортскиот центар во Ново Лисиче отсега ќе се вика „Марко Божиновски“, одлучи Советот на општина Аеродром.
Оваа одлука за преименување на спортскиот центар е во чест на македонскиот ракометен репрезентативец Марко Божиновски, кој пред шест месеци ненадејно почина. Марко имаше само 20 години.