Марко најдобар прогнозер, не беше лесно да се погоди 11-ка на Спортска прогноза

Прогнозерот Марко З. погоди 11 парови во четвртото коло на Спортска прогноза и заслужи да добие ваучер од Sport Life во вредност од 500 денари. Тој е единствен добитник на награда во ова коло во кое имаше изненадувања за мнозинството од оние 1.490 прогнозери кои учествуваа во ова коло.

Дури 88,4 проценти од играчите типуваа на победа на Барселона против Севилја, но Марко вешто ја избегна оваа „нагазна мина“ и погоди дека средбата ќе заврши нерешено. Иксот на „Камп ноу“ го погодија само 9 проценти од прогнозерите. Околу две третини од прогнозерите мислеа дека Лион ќе го победи Марсеј, но и тоа не се случи. Марко и тука беше точен, погоди дека мечот ќе заврши нерешено.

Двете утки кои ги спречија да ја добие премијата, „ајфон 11“ му беа на средбите Ленс – Сент Етјен и Волфсбург – Аугсбург. Мечот Јувентус – Наполи, кој не се одигра, не се смета, па на негово место во 13-ката влезе првата резерва, дуелот на Удинезе и Рома кој заврши со победа на гостите од 1-0.

Бојан А. дојде на чекор од награда и имаше 10 погодоци, ги утна истите два меча како Марко, плус Барселона – Севилја, меч на кој типувал единица.

Следната шанса ќе ја имате веќе во следното коло, за кое ќе можете да типувате од утре. Секој поен е важен во битката во Генералниот пласман, каде што премијата е ТВ Смарт од 48 инчи, што ќе го добие шампионот. Влатко П. со 36 поени е лидер по четири кола. Не е доцна да се вклучите со свои прогнози, бидете дел од големото друштво, нема што да загубите.

Сите информации може да ги добиете на Спорт Манија и на страницата на Sport Life за спортска прогноза.

- Оглас -

Најнови вести