33.8 C
Skopje
вторник, 9 септември 2025

Марко Ѓорѓиевски го напушти Клуж и потпиша за Херманштат

По завршувањето на минатогодишниот шампионат во ПМФЛ, напаѓачот Марко Ѓорѓиевски се реши за интернационален предизвик, прифаќајќи понуда од рoмaнскиот Клуж. Младиот 25-годишен поранешен младински репрезентативец имаше забележителни настапи во подготовките, но само по три месеци направи нов трансфер, сега потпиша за Херманштат.

Ѓорѓиевски стави потпис на тригодишен договор со новиот клуб, а трансферот беше официјализиран во последните часови од преодниот рок. Во краткото време поминато во Клуж, тој одигра 11 натпревари во сите натпреварувања, но не успеа да постигне гол.

Во минатата сезона напаѓачот забележа 30 настапи за Силекс, а низ кариерата настапуваше и за српските Раднички и Вождовац, како и за македонските Вардар, Борец, Шкупи, Брера и Силекс.

- Оглас -

Најнови вести